ЕП ги одобри на ниво на комисии кандидатурите на Виолета Булц и Марош Шефчович за еврокомесари

Од:

Европскиот парламент ги одобри на ниво на комисии кандидатурите на Словенката Виолета Булц и на Словакот Марош Шефчович за еврокомесари, одговорни соодветно за транспортот и за енергетската унија, соопшти прес-службата на Европарламентот.

Булц и Шефчович беа последните двајца кандидати, кои требаше да поминат сослушување во ресорните комисии.

Утре Парламентот ќе го гласа на пленарна седница целиот состав на ЕК на Жан-Клод Јункер.

Европската народна партија на Јункер и Партијата на европските социјалисти ќе обезбедат неопходно мнозинство, откако сите кандидати беа одобрени од ресорните комисии.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска