Европскиот парламент ги одобри на ниво на комисии кандидатурите на Словенката Виолета Булц и на Словакот Марош Шефчович за еврокомесари, одговорни соодветно за транспортот и за енергетската унија, соопшти прес-службата на Европарламентот.
Булц и Шефчович беа последните двајца кандидати, кои требаше да поминат сослушување во ресорните комисии.
Утре Парламентот ќе го гласа на пленарна седница целиот состав на ЕК на Жан-Клод Јункер.
Европската народна партија на Јункер и Партијата на европските социјалисти ќе обезбедат неопходно мнозинство, откако сите кандидати беа одобрени од ресорните комисии.