ЕП алармира за засилена анти-ЕУ пропаганда на Русија и исламистите

Од:

Европскиот парламент денеска алармирааше на засилената пропаганда против ЕУ од Русија и од исламистички терористички групи, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Притисокот во пропагандната област на која е изложена ЕУ од Русија и исламските терористички групи е во пораст, предупреди ЕП во Резолуцијата што беше усвоена со 304 гласа „за“, 179 „против“ и 208 „воздржани“.

Дезинформациите, според ЕП, имаат за цел да ја искриват вистината, да поттикнат страв кој предизвикува сомнеж и да ја  поделат Унијата. За спротивставување на анти-ЕУ кампањите, европратениците предлагаат да се зајакне малиот тим за „стратешки комуникации“ на ЕУ и да инвестира повеќе во подигањето на свеста и едукацијата.

Европратениците предлагаат и поголеми инвестиции во онлајн медиумите и локалното истражувачко новинарство и информациската писменост.

– Јас бев задолжен да ја опишам пропагандата на државни и недржавни актери. Ние забележавме многу промени. Во однос на Русија, сега ситуацијата е јасна. По руската анексија на Крим и агресијата врз источниот дел на Украина, многу земји се целосно свесни за дезинформациите и манипулациите од страна на оваа земја, изјави известувачот на ЕО, Ана Фотига од Полска. – Овој извештај, за време на неговата подготовка, исто така беше цел на непријателска пропаганда, додаде таа.

Во резолуцијата се нагласува дека ЕУ мора да се бори против кампањите за дезинформации и пропагандите од земји, како Русија и други актери, како што се Исламската држава, Ал Каеда и некои милитантни џихадистички терористички групи.

Непријателската пропаганда против ЕУ и нејзините земји членки има за цел да ја искриви вистината, да предизвика сомнеж и поделби меѓу ЕУ и северноамериканските партнери, да го парализира процесот на донесување одлуки, да ги дискредитира европските институции и да се создаде страв и несигурност кај европските граѓани, стои во Резолуцијата.

Европратениците предупредуваат дека Кремљ ја интензивирал својата пропаганда против Европската унија по анексијата на Крим и конфликтот во Донбас.

– Руската влада користи голем број на алатки и инструменти, како тинк-танк групи…, повеќејазични телевизиски станици (на пример, Раша Тудеј), псевдо новински агенции и мултимедијални услуги (Спутник)… и социјални мрежи и интернет тролови, за напади врз демократските вредности, со цел да ја подели Европа и за да си обезбеди поддршка дома и да остави впечаток дека земјите од источното соседство на Европската унија се слаби, сметаат европратениците

Во резолуцијата се истакнува дека „Кремљ финансира политички партии и други организации во ЕУ“, при што се осудува „руската поддршка на антиевропски сили“, како што се партиите од екстремната десница и популистичките сили.

ЕУ и нејзините граѓани се главни цели на Исламската држава, смета ЕП, кој ги повика земјите членки да работат повеќе заедно за да се заштити општеството од кампањите на врбување од страна на ИД и да изгради отпорност кон радикализација.

Тие исто така сугерираат зајакнување на позициите на умерените муслимански лидери, кои „уживаат доволно кредибилитет за да ја делегитимизираат пропагандата на ИД“.

Европратениците за спротивставување на кампањите против ЕУ, предлагаат да се инвестира во развој на свеста, образованието, онлајн медиуми и локалното истражувачкото новинарство и информациската писменост, која ќе им овозможи на граѓаните да ја анализираат содржината на медиумите критички.

Исто така е важно да се прилагодат информациите за специфични региони, вклучувајќи го и пристапот до информации на локалните јазици, се вели во текстот на долкументот.

Во Резолуцијата исто така се предлага продлабочување на соработката меѓу ЕУ и НАТО во стратешката комуникација, зајакнување на Работната група на Унијата за стратешки комуникации, која се состои од 9 лица, како и погоелма поддршка на медиумите за заштита на слободата и плурализмот во соседните земји на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска