Емануел Макрон за војната во Украина „Наредните денови веројатно ќе бидат уште потешки“

Од:

„Деновите што доаѓаат веројатно ќе бидат уште потешки“, го започна своето обраќање до француската нација, претседателот Емануел Макрон, кој ја пофали „честа и храброста“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во ова невидена искушение ние стоиме со Украина“,порача тој.

Ниту Франција, ниту Европа, ниту Атлантскиот сојуз не ја сакаа оваа војна, продолжи претседателот на Франција.

– Јас сум во постојан дијалог со Владимир Путин од 2017 година. Претседателот на Соединетите Држави ја изрази својата достапност за преговори. Затоа, сосема сам и намерно, откажувајќи се една по една од обврските преземени пред заедницата на нациите, претседателот Путин избра војна, нагласи Макрон.

Тој притоа сакаше да потсети дека „оваа војна не е конфликт меѓу НАТО и Западот од една страна и Русија од друга страна. Во Украина нема бази и трупи на НАТО, Русија не е нападната“. Емануел Макрон ги осуди забелешките на Путин за украинската влада опишана како „нацистичка“.

-Тоа е навреда. Руските лидери го напаѓаат споменот на холокаустот во Украина додека ги напаѓаат злосторствата на Сталин во Русија. Оваа војна е дух на одмазда што би сакала да ја врати Европа во најтемните часови на империите.

Макрон притоа го поздрави единството на меѓународната заедница.

-Меѓународната заедница на тој начин го покажа своето единство, потсетувајќи на сите санкции преземени против Русија. „Ние ќе продолжиме да бараме прекин на огнот“,нагласи тој. „Презедовме брзи и пропорционални санкции против Русија и нејзините лидери“, продолжи тој, мислејќи на санкциите преземени против институциите, банките, олигарсите и медиумите.

Емануел Макрон имаше збор и за „сите дипломати, полицајци и државни агенти кои продолжуваат да ги поддржуваат нашите сонародници“ и „сите новинари кои храбро ја покриваат ситуацијата“.

-Знаеме што не поврзува со рускиот народ кој жртвуваше толку многу за време на Втората светска војна. Ние сме со Русите кои денес имаат храброст да го бранат мирот и кои го објавуваат во Русија и на други места. Ако постојано разменувам со Зеленски, избрав и да останам во контакт со претседателот Путин за неуморно да се трудам да го убедам да се откаже од оружјето, да спречиме зараза и проширување на конфликтот колку што можеме повеќе, се оправдуваше претседателот на Франција по размената со Владимир Путин во текот на неделата.

Емануел Макрон објави „план за економска и социјална отпорност“

-Ние се организираме и ќе се погрижиме оние што ќе се приклучат на нашата почва да бидат заштитени. Франција ќе го земе својот дел, најавува Емануел Макрон пред да зборува за економските последици.

-Многу економски сектори страдаат и ќе страдаат или затоа што зависат од увоз на суровини од Русија и Украина или затоа што извезуваат во овие земји. Нашиот раст ќе биде под влијание. Утре цената на горивото, износот на сметката за парно, најверојатно дополнително ќе се зголеми. Соочен со овие економски и социјални последици, имам само еден компас: да ве заштитам“, посочи Макрон пред да го објави спроведувањето на „планот за економска и социјална отпорност за одговор на сите овие тешкотии“.

-Овие настани не само што ќе имаат непосредни последици, тие се сигнал за промена на ерата. Војната во Европа повеќе не припаѓа на нашите историски книги, таа е тука пред нашите очи. Демократијата е доведена во прашање пред нашите очи, рече Емануел Макрон.

-Нашата Европа, во оваа искушение, покажува извонредно единство, додаде тој. Но, според Емануел Макрон, „сега мора да се согласи да ја плати цената за мирот, слободата, демократијата. Мора да инвестира повеќе за да зависи помалку од другите и да стане понезависна, посуверена сила“.

-Прво економска сила. Затоа мора да промовираме нов економски модел. Енергетска моќ. затоа ќе ја бранам стратегија за европска енергетска независност. Сила на мирот. Не можеме да зависиме од другите да не бранат. Нашата европска одбрана мора да направи нов чекор, објаснуваше тој, додавајќи дека „наредниот 10 и 11 март ќе ги собере европските шефови на држави и влади на самит на кој ќе треба да одлучуваат за овие теми“.

Претседателот на Франција на крајот од својот говор го спомена влијанието што војната во Украина може да го има врз претседателската кампања.

-Оваа војна го нарушува и нашиот демократски живот и изборната кампања, ќе овозможи важна демократска дебата за нацијата, но која нема да не спречи да се сретнеме, вети Емануел Макрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он