Eмануел Макрон вечерва ќе им се обрати на Французите за војната во Украина

Од:

Емануел Макрон вечерва во 20 часот ќе и се обрати на нацијата со говор, посветен на војната во Украина, јави дописникот на МИА.

– Драги сонародници, ќе ви се обратам вечерва во 20 часот за војната во Украина, објави Макрон на својот профил на Твитер.

Во четвртокот, 24 февруари, на почетокот на руската инвазија, „тој се обврза да ги информира Французите за еволуцијата на ситуацијата“, додава претседателството, без дополнителни коментари за содржината на неговиот говор.

Многумина очекуваа дека Макрон ќе ја соопшти својата кандидатура за втор мандат, но најверојатно тоа ќе биде преку интервју за регионалните весници, со оглед дека телевизиското обраќање, по тоа за војната би било непогодно. Крајниот рок за официјалното декларирање на кандидатурата е 4 март.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер