ЕМА не ја одобри за употреба вакцината „Спутник“, Русите задоцниле со испраќање податоци

Од:

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе го одложи одобрувањето на руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“, откако Русите го пропуштиле рокот за поднесување на податоци, кој истекол на 10 јуни, јави Ројтерс повикувајќи се на свои извори во ЕМА.

Агенцијата инаку составила позитивен извештај за ефективноста и безбедноста на вакцината, кој се темели на клинички истражувања.

Еден од изворите на Ројтерс, кој е функционер во германската влада, рекол дека неподнесувањето на потребните податоци до европскиот регулатор ќе значи дека ЕМА нема да ја одобри вакцината најмалку до септември.

„Одобрувањето на „Спутник“ ќе се одложи веројатно до септември, а можеби и до крајот на годината,“ изјавил изворот, кој барал да остане анонимен.

Претходно се очекуваше ЕМА да ја заврши својата оценка за вакцината и да ја одобри до крајот на мај или во јуни.

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој ја дистрибуира вакцината низ светот, соопшти дека ЕМА дала позитивен извештај за нивниот препарат, како и дека податоците со кои ЕМА го правда одложувањето на одобрувањето „не кореспондираат со реалноста“.

„Сите информации за клиничките испитувања на вакцината „Спутник В“ се доставени и комплетирана е ГЦП рецензија, а одговорот од Европската агенција за лекови беше позитивен“, велат од РДИФ.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он