Елисејската палата заработи 300.000 евра од продажба на вино

Од:

Првиот ден од продажбата на дел од вината на визбата на Елисејската палата ги надмина сите очекувања, таа донесе заработка од 295.666 евра, со продажбата на две шишиња „Петрус“ од 1990 година продадени едното за 5.500, а второто за 5.800 евра, јавува дописникот на МИА од Париз.

Продажбата на резервите на Елисејската палата е со цел да се обноват истите со нови вина и по желба на актуелниот претседател Франсоа Оланд, со вина кои се со поскромни цени, но тоа не значи дека гостите во Елисејската палата ќе бидат од сега служени со обично вино.

fransoa-oladn-vino

Продажбата на вината е на лицитација во Друо, една од најпознатите сали за наддавање во Франција и вчера истата беше попречена од протест на противниците на хомосексуалните бракови. Продажбата на вина од Елисејската палата продолжува и денес.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано