Електронска „бубачка“ пронајдена во Судот кој одлучува по жалбата на Берлускони

Од:

Апарат за прислушување бил пронајден во дел од Судот каде што се наоѓаат канцелариите на судиите кои овој месец треба да ја донесеат конечната одллука по жалба на пресудата за даночна измама против поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Вработен во Високиот касационен суд вчера попладне открил направа за прислушување на разговори, по што веднаш ја информирал полицијата. Полицијата ја отстранила електронската „бубачка“, која немала батерии.

На 30. јули Судот треба да одлучи дали ќе ја потврди четиригодишната затворска казна за Берлускони и побараната петгодишна забрана за извршување јавна функција.

Доколку пресудата биде потврдена, Берлускони ќе мора да го напушти Парламентот, а ако тоа се случи, неговите поддржувачи се закануваат со соборување на коалициската Влада на премиерот Енрико Лета.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он