Електрана на полуостровот Крим цел на напад со дрон, нема жртви

Од:

Властите на црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, денеска соопштија дека електраната Балаклава во текот на ноќта била цел на беспилотно летало и дека нема жртви или поголема материјална штета.

„Синоќа беспилотно летало удри во термоцентралата Балаклава“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развојајев.

Според него, нема жртви, а причинета е минимална штета.

Развојајев рече дека нема проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Тој додаде дека „инцидентот не влијае на понатамошното снабдување со електрична енергија на Севастопол и на полуостровот“.

Трансформаторот на централата што се запали „беше претходно на поправка и не работи“, рече гувернерот, додавајќи дека „работниците на централата брзо го локализираа пожарот“.

Изјавата на гувернерот доаѓа во време кога Украина ја продолжува контраофанзивата на југот на земјата. Руските сили во последните недели ги засилија нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ