Еквадорците протестираа против економската политика на претседателот Ласа

Од:

Илјадници Еквадорци излегоа вчера на протести низ земјата со кои сакаат да се спротивстават на економската политика на конзервативниот претседател Гиљермо Ласа, откако пред неколку дена тој ги зголеми цените на бензинот.

Синдикатите и другите организации бараат од претседателот, кој ја презеде функцијата во мај, да ги замрзне цените на горивата по пониски стапки.

Во протестите беа повредени пет полицајци, а 37 лица беа приведени поради блокирање патишта.

Конфедерацијата на домородните народи на Еквадор извести дека има повредени и меѓу демонстрантите.

Полицијата во главниот град Кито употреби солзавец против демонстрантите, а протести се одржаа во Гвајакил и Куенка.

Министерката за внатрешни работи Александра Вела изјави дека протестните маршеви поминале мирно, со исклучок на неколку инциденти, и дека властите се отворени за дијалог.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници