Еквадор потврди дека е блокиран интернетот за Асанж во Амбасадата во Лондон

Од:

Официјален Кито денеска потврди дека „делумно е блокиран“ пристапот кон интернет на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој престојува како бегалец во зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Во соопштение на еквадорското Министерство за надворешни работи се вели дека таквата одлука била донесена „за да нема мешање во американските претседателски избори“.

Одлуката е донесена откако изминатите недели Викиликс најави, а потоа и објавија доверливи и главно приватни мејлови на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон.

Властите во Кито веруваат дека тие би можеле да имаат влијание врз резултатите на изборите во САД.

Во соопштението на еквадорското Министерство се вели дека одлуката за блокирање на интернетот на Асанж „не е донеена под притисок од Вашингтон“.

САД претходно го отфрлија како неточно обвинувањето на Викиликс дека американаката Влада извршила притисок врз властите во Кито да се запре објавувањето на мејловите, што на прес-конференција го најави самиот Асанж.

Џулијан Асанж, поранешен австралиски хакер кој сега за себе вели дека е „активист за транспарентност“, во август 2012 година доби политички азил од Владата на Еквадор, откако два месеци пред тоа се засолни во еквадорската дипломатска мисија во Лондон, за да не биде екстрадиран во Шведска.

Шведските власти го бараат Асанж за сослушување затоа што во Стокхолм е обвинет за сексуално насилство.

Министерството за надворешни работи на Еквадор вели дека е извршено редуцирање на комуникацискиот систем во Амбасадата во Лондон, затоа што оваа јужноамериканака земја не сака да се меша во изборите во САД.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори