Еквадор побара апсење на братучед на претседателот Рафаел Кореа

Од:

Еквадор побара од Интерпол да се погрижи за апсење и екстрадирање на Педро Делгадо, братучед на еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.

Според медиумите, обвинителството го обвинува Делгадо дека користел фалсификуван документ откако признал дека излажал оти има завршено економски факултет. Со вакво обвинение тој може да биде осуден на девет години затвор.

Информациите во медиумите за фалсификуван степен на образование, го принудија Делгадо да се повлече од функцијата гувернер на централната банка. Се претпоставува дека тој моментно живее во САД.

Делгадо призна за измамата, изјавувајќи дека тоа е огромна грешка, направена пред 20 години.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници