Еквадор најави намалување на цената на горивата на барање на демонстрантите кои блокираа дел од земјата

Од:

Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо најави намалување на цената на горивата по двонеделните протести кои блокираа дел од државата. Цените сепак ќе бидат намалени помалку отколку што бараа илјадниците демонстранти.

„Одлучив да се намали цената на бензинот за 10 центи (долари) по галон (3,78 литри), а цената на дизелот за 10 центи по галон“, нагласи претседателот. Дизелот ќе чини 1,80 долари, а бензинот 2,45 долари. Влијателната асоцијација на домородното население што ги предводеше демонстрациите побара цените на горивото да бидат 1,50 и 2,10 долари. Протестите почнаа на 13 јуни, а во насилствата што избувна за време на демонстрациите загинаа шест лица, а десетици беа повредени.

Главниот град Кито е блокиран од бројни блокади на патиштата. Демонстрантите двапати, во четвртокот и петокот, се обидоа да упаднат во зградата на Националното собрание, но беа спречени од полицијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници