Еквадор: На Интернет протекоа личните податоци на речиси 20 милиони граѓани

Од:

Еквадорската Влада го истражува случајот со објавувањето на личните податоци на милиони граѓани на Интернет, ситуација која ја оценија како „многу деликатна“.

Според властите податоците биле добиени од приватна компанија за време на поранешниот претседател Рафаел Кореа, кој управуваше со земјата од 2007 до 2017 година.

– Тоа е многу деликатна ситуација, повод за голема загриженост за целата Влада и за земјата, изјави на прес-конференција министерката за внатрешни работи Марија Паула Ромо.

Фирмата за информатичка безбедност VpnMentor на својот веб сајт објави дека открила лични податоци на околу 20 милиони лица, повеќето од Еквадор, кој има население од 17,3 милиони луѓе. Податоците се наоѓале на незаштитен сервер во американската држава Мајами, сопственост на еквадорската фирма Новаестрат. Податоците произлегуваат од различни места, вклучително и од регистри на еквадорската Влада, компанија за автомобили и две банки.

Еквадор нема закон за заштита на личните податоци.

Според министерот за телекомуникации Андрес Мичелена податоците биле собрани од приватна фирма за време на власта на претходниот претседател Кореа. Тој дополни дека во случајот се вмешани вработени во националниот информатички систем.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници