Екстремистите во Ирак со намера да го освојат и Багдад

Од:

Исламските екстремисти кои зазедоа значаен дел од северниот и северно централниот дел од Ирак, планираат да го заземат и Багдад, соопшти денеска американската мониторинг група СИТЕ.

Припадници на Исламска држава Ирак и Левант, ги зазедоа во изминатите денови градовите Мосул и Тикрит, а повеќе од половина милион луѓе се приморани да ги напуштат своите домови.

Портпарол на екстремистите изјави дека ќе има борби во Багдад и Карбала, град југозападно од престолнината и кој се смета за еден од најсветите места за шиитите.

– Ставете појаси и подгответе се, изјави Абу Мохамед ел Адани. Тој му се обрати и на премиерот Нури ал Малики.

– Ја загуби својата историска шанса твојот наорд да го контролира Ирак и шиитите засекогаш ќе те проколнуваат додека се живи, смета тој.

По падот на Тикрит, воената акција се шири кон главниот автопат кој води кон Багдад, а екстремистите водат борби со силите за безбедност во северното предградие на Самара, 110 км. од Багдад.

Ирачката државна телевизија јави дека армијата изврши воздушни удари врз позиции на екстремистите околу Самара, град населен претежно со сунити. Тука се наоѓа и храм на шиитите, бомбардиран во 2006 година што покрена секташки судир меѓу шиитското мнозинство и сунитското малцинство во Ирак, и над 10 илјади луѓе загинаа досега.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе има седница во врска со ситуацијата во Ирак. Генералнит секретар на ОН Бан ки Мун претходно ја повика меѓународната заедница да се обедини во врска со Ирак кој е соочен со „сериозен безбедносен предизвик“.

Министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Џавад Зариф во телефонски разговор со ирачкиот колега Хошир Махмуд Мохамед Зебари, изразил поддршка на владата и народот на Ирак во борбата против тероризмот.

– Исламската република Иран го осудува убивањето ирачки граѓани и изрази поддршка за ирачката влада и народ во борбата против тероризмот, изјави Зариф. Иранскиот министер ја истакна потребата од ефективна меѓународна помош за ирачката влада во борбата против тероризмот.

Во рамките на 48 часа борци на сунитската џихадистичка група Исламска држава во Ирак и Левант заземаа неколку региони во Ирак, меѓу кои и вториот по големина град Мосул и соседната провинција Ниневија.

Ирачкиот премиер Нури ал Малики побара тајно од американската администрација да разгледа можност за воздушни напади врз исламските екстремисти. Како што објави Њујорк тајмс повикувајќи се на неименувани извори, ирачките лидери се надеваат дека американските ВВС може да бидат употребени против ектремистите во Ирак и да им помогнат на ирачките сили да ги спречат да преминуваат во државата од Сирија. Сунитските бунтовници, припадници на Ислама држава во Ирак и Левант го зазедоа вчера Тикрит, и се приближија до најголемата ирачка рафинерија за нафта во намера да ја соборат шиитската влада.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија