Водечкиот активист за правата на хомосексуалците во Бангладеш и негов пријател се претепани до смрт во стан во главниот град Дака, соопшти полицијата. Постои сомневање дека убиството го извршиле исламистички екстремисти.
– Група од пет до шест напаѓачи влегла во понеделникот во станот на Јулхаз Манана (35), уредник на првото списание за ЛГТБ популација „Рупбан“ и го нападнаа него и неговиот пријател со остри предмети, изјави портпаролот на полицијата во Дака, Маруф Хусеин Сордар.
– Напаѓачите се претставиле како доставувачки, додаде Сордар, повикувајќи се на изјави на сведоци.
Сведоците наведуваат дека напаѓачите извикувале „Алах акбар“, додека бегале од местото на злосторството.
Манан бил вработен во американската Амбасада и работел за агенција на САД за меѓународен развој, соопшти Стејт департментот.