Силна експлозија одекна во неделата пред кафуле на популарната шопинг улица Банхофштрасе во Веклар.
Оштетени се делови од зградата. Полицијата во моментов трага по најмалку еден непознат сторител кој наводно ја активирал експлозивната направа, а потоа побегнал.
Германските медиуми јавуваат дека експлозијата се слушнала со километри. Жителите на зградата веднаш по експлозијата биле евакуирани, но во меѓувреме се вратиле во своите станови.
Полицијата се уште не може да каже каква е позадината и дали станува збор за напад, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот излегоа експерти за експлозиви на државната криминалистичка полиција.