Експлозија во фабрика во Франција, осуммина повредени

Од:

Осум лица се повредени, од кои едно потешко, во несреќа што се случи попладнево во фабрика за експлозиви во Бержерак, Франција.

Сите повредени работат во фабриката. По експлозијата избувнал пожар кој брзо бил локализиран. Според информациите од местото на настанот, ситуацијата е под контрола и веќе нема опасност од ширење на пожарот и нови детонации.

Според првите извештаи, детонацијата се случила во просторијата во која се чувале експлозиви.

Сите вработени веднаш се евакуирани. Во моментот на несреќата присуствувале четириесетина лица. Во акцијата за спасување учествувале 60 пожарникари и дваесет полицајци со 32 возила. Повредените со сите хеликоптери на брзата помош биле пренесени во болницата во Бержерак.

На лице место е отворен кризен штаб. Засега не е позната причината за експлозијата, но се нагласува дека не е предизвикана од надворешни елементи. Фабриката е класифицирана како центар со висок ризик според европските стандарди.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано