Експлозија во фабрика на Тајланд, евакуирани илјадници жители

Од:

Илјадници жители на периферијата на главниот град на Тајланд денеска се евакуирани, поради експлозија на фабрика во која загина спасувач, а повредени се 29 лица, соопштија властите.

Жителите на провинцијата Самут Пракан, кои живеат на пет километри од фабриката, се евакуирани од претпазливост.

Локалните власти соопштија дека 70 куќи се оштетени, а пожарникарите го гаснеле пожарот најмалку девет часа од експлозијата, што се случи рано утрово.

Засега не е утврдена причината за експлозијата.

Фабриката за полистиренска пена, сопственост на тајванска компанија, е оддалечена околу пет километри од главниот меѓународен аеродром во Бангкок, Суварнабхуми.

Раководството на Аеродромот соопшти дека експлозијата не ги нарушила летовите.

Би можело да ве интересира

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

Нова драма во главниот град на Тајланд неколку дена по катастрофалниот земјотрес во Мјанмар

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени