Експлозија на бомба во болница во Хонг Конг

Од:

Околу 20 пациенти се евакуирани од болница во Хонг Конг откако експлодира рачно изработена бомба. При инцидентот никој не е повреден.

Маскирани антивладини демонстранти и претходно поставија бомба во објект што беше предвиден за карантин за евентуалните заразени граѓани од коронавирусот.

Експлозивната направа била скриена во бањата во Медицинскиот центар Каритас, а експлодира околу два часот по полноќ, по локално време.

– Експлозијата предизвика многу чад и мал пожар. Бомбата не беше моќна и не предизвика голема материјална штета. Се уште не е познато кој стои зад експлозијата, изјави главниот инспектор Кевин Чонг Киу-ваи.

Демонстрантите вчера фрлија Молотов коктел во празен јавен објект, што беше предвиден за карантин за пациентите од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше