Бомба, поставена под еден паркиран автомобил, експлодира минатата ноќ на стотина метри од резиденцијата на претседателот на Хондурас, Порфирио Лобо, без да предизика човечки жртви.
Како што соопшти хондурашката полиција, во време на експлозијата, Лобо, заедно со сопругата и трите деца, бил во резиденцијата, што се наоѓа во едно од предградијата на Тегусигалпа.
Полицијата започна истрага за утврдување на карактеристиките на експлозивната направа. Засега не е познато дали Лобо бил цел на нападот.
Лобо, чиј мандат истекува во јануари 2014 година, досега во два наврати обвинуваше дека „неговите непријатели“ сакаат да го сменат од власта со преврат.
Лани Лобо влезе во спор со Врховниот суд околу реформите на полицијата и судството, што го доведе Хондурас пред сериозна политичка криза.