Повеќе луѓе се повредени и префрлени во болница по експлозија на бензинска пумпа во Ирска, јавија дел од светските медиуми.
Местото на инцидентот се наоѓа на периферијата на селото Крислау, оддалечено околу 25 километри од градот Летеркени.
На фотографии може да се види голема дупка и срушен покрив на станбена зграда покрај бензинската пумпа.
Ирската крајбрежна стража информираше дека нејзин хеликоптер им помага на итните служби, а Националната служба за итна помош соопшти оти се испратени голем број возила на брза помош.