Експлозија на автомобил во Берлин, еден загинат

Од:

Едно лице е убиено и е предизвикана материјална штета, по експлозијата на автомобил во Берлин, соопшти германската полиција.

Експлозијата се случила додека возилото се движело.

Според изјави на сведоци кои се затекнале на улицата, од силината на експлозијата автомобилот се кренал во воздух.

Полицијата испитува дали има експлозив и во другите возила во околината.

Нема податоци за убиениот возач, ниту за самиот напад. Не се знае дали станува збор за терористички напад или пак за напад врз возачот, поради причини што истрагата на полицијата сега треба да ги открие.

Безбедносните сили го блокираа целиот кварт каде експлодира возилото, а на луѓето кои живеат во тој дел од Берлин им е наредено да останат дома и да не ги отвораат прозорците.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија