Експлозија на автомобил-бомба во близина на кралската канцеларија во Бахреин

Од:

Автомобил-бомба експлодира минатата ноќ во близина на седиштето на кралската канцеларија во Бахреин, соопшти денеска бахреинското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека во инцидентот нема жртви.

Според Министерството, станува збор за терористички акт, извршен со експлозија на автомобил со помош на плинска боца на паркинг на една од џамиите во предградието Рефа.

Очевидци тврдат дека експлозијата се случила во близина на кралската канцеларија, која се наоѓа во Рефаа, на неколку километри од главниот град Манама.

Во моментот на експлозијата во џамијата имало голем број верници, кои учествувале во ноќните молитиви.

– Народот на Бахреин почна да го губи трпението од ваквите напади, предупреди кралот Хамад Бен Иса Ал Халифа.

Шиитската опозиција, предводена од движењето „Ал Вефак“ го осуди нападот, нагласувајќи дека го отфрла секој чин, со кој се тероризираат невини луѓе и додаде дека сака да пронајде мирно решение за излез од политичката криза.

Од февруари 2011 година движењето на шиитското мнозинство одржува протести со барање за воведување уставна монархија во кралството, кое е управувано од сунитската династија Ал Халифа.

Би можело да ве интересира

Америка одобри продажба на 50 тенкови за 2,2 милијарди долари на Бахреин

Бенет во историска посета на Бахреин, вети помош околу Иран

Ана Ололовска

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид утре во историска посета на Бахреин

А1он

Бахреин е втората држава во светот што ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

Жарко Настоски

Израелска тајна амбасада во Бахреин

Ана Ололовска

Рохани: Бахреин и Емиратите ќе бидат единствените одговорни за последиците од договорот со Израел

Ана Ололовска