Експлозија на аеродром во близина Кабул

Од:

Неколку лица се повредени во експлозија пред контролен пункт на аеродромот Баграм, близу авганистанската престолнина Кабул.

Претставник на авганистанските власти соопшти дека експлозијата во Баграм, најголемата база во Авганистан, е дело на бомбаш-самоубиец.

– Експлозијатата се случи на отворено, пред влезот на контролниот пункт, предизвикувајќи „мал број жртви“, се наведува во соопштение на американските сили стационирани во Авганистан.

Во него се дополнува дека на сите повредени, веднаш им била укажана помош во мадицинската установа во базата. Не се наведува националноста на повредените.

Според дел од американските медиуми, најмалку шест лица се повредени откако напаѓач на мопед, активирал експлозив на третиот влез во воздухопловната база.

– Базата е безбедна и се спроведува истрага за инцидентот, се истакнува во соопштението на американската војска.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан