Најмалку шеесет и четири луѓе загинаа и повеќе од 120 се ранети во експлозии до Големата џамија во нигерискиот град Кано, соопштија спасувачките служби.
Најчесто во таа џамија молитва одржува влијателниот муслимански лидер Емирот од Кано. Тој неодамна ги повика луѓето да се вооружат самите за да се заштитат од исламистичката група Боко Харам.