Специјалната комисија, што ја состави папата Франциско, за да се справи со педофилијата и сексуалните злоупотреби во црквата, го заврши своето прво заседание со одлука да разработи специјални протоколи, според кои, епископите и другите црковни власти ќе бидат сметани за одговорни доколку не информираат за претпоставени злоупотреби врз деца од страна на свештеници педофили, пренесоа американските медиуми.
Комисијата има осум членови, меѓу кои е и бостонскиот архиепископ, кардиналот Шон о’Мали, и Мари Колинс, поранешна ирска жртва на сексуална злоупотреба од свештеник, дополнуваат француските медиуми.
За време на своето првото заседание комисијата постигнала согласност дека треба да работи според принципот дека секоја одлука на црквата треба да сфаќа како најважната благосостојба за децата и за луѓето во вурнабилна ситуација.
Бостонскиот архиепископ подвлече дека законите на црквата можат да ги казнат свештениците, ако тие не ја исполнат својата задача да ги штитат децата, но призна дека овие закони не биле доволно применувани.
Комисијата, што беше формирана во март од папата Франциско, ќе биде проширена, на начин што во неа ќе се вклучат и луѓе од други географски зони и други експертски сектори. Таа нема да се занимава со одделни случаи на сексуални злоупотреби и ќе се стреми да остане автономна и независна.