Експертите предупредуваат: Ако нешто не преземеме, астероидите ќе не уништат

Од:

Над 100 научници и астрономи повикаа на создавање на систем за детекција на астероди, бидејќи сметаат дека ако тие правилно не се следат и уништуваат, можат да го уништат човештвото, пишува британски „Телеграф“.

Меѓу експертите се и британскиот кралски астроном, лорд Мартин Рес и научниците Брајан Кокс и Ричард Давкинс, кои во лондонскиот Научен музеј ја претставија својата кампања.

Лорд Рес прочита декларација со која се бара „решавање на најголемиот предизвик на човештвото во зачувување на нашите семејства и животот на Земјата во иднината“.

Во Декларацијата се повикуваат владите во светот да ја искористат целата технологија која ја имаат за следење на астероидите во близина на Земјата, но и за прогласување на Ден на астероидите на 30 јуни, на годишнината на ударот на астероидот во Тунгузија во Сибир во 1908 година.

– Нашите предци биле во право кога верувале дека небото и астрономските тела влијаат на животот на Земјата, само не на начинот на кој тие тоа го замислувале. Понекогаш тие небесни тела се забиваат во Земјата. Затоа нашата мисија мора да ги наоѓа астероидите пред тие да не најдат нас, рече Лорд Рес.

Декларацијата ја потпишаа научници, физичари, уметници, астронаути и деловни луѓе од 30 земји. Меѓу нив се и Ричард Давкинс, Брајан Кокс, Аношех Ансари, Кип Торн, Стјуарт Бранд и астронаутите Хелен Шарман, Том Џонс, Ед Лу и Расти Свикарт.

Веќе постојат системи со кои се следат поголеми астероиди, но последните истражувања открија дека и тие што се многу помали би биле сосема доволни за разорно дејство на Земјата.

– НАСА работи многу добри во следење на големи објекти, тие кои можат да ја уништат целата човечка раса. Но, проблем се тие кои ќе уништат еден град или ќе ја погодат економијата на неколку стотици години, вели астронаутот Ед Лу.

Гитаристот на Квин и астрофизичар, Брајан Меј, исто така го поддржи планот.

– Колку повеќе ќе научиме за ударите на астероидите, станува се појасно дека човековата раса живее на позајмено време. Моментно сме свесни за помалку од еден отсто од објектите споредливи со тој кој удри во Тунгузија и никој не знае кога ќе удри следниот. А доволен е само еден, порача тој.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски