Авионот Ербас А320 кој се урна во Франција, при што загинаа 150 лица, се спуштал умерено и летал линеарно, кон планините, наведоа експерти кои што се изненадени од невообичаеното однесување на пилотот.
-Ниту една можност не е исклучена, грешка на пилот, технички дефект, терористички напад-изјави францускиот премиер Мануел Валс, додека Општата управа за цивилно воздухопловство нагласи дека екипажот не испратил повик кој што се испраќа во случај на несреќа.
Според првичните податоци од истрагата, други експерти сметаат дека постои можност пилотите да не биле во свест или пак да биле убиени.
Неименуван капетан на европска авиокомпанија за „Франс прес“, наведе дека нема никаква смисла авионот да одел во планините и дека тоа е ненормален чекор на пилот -професионалец или резултат на нереагирање.
Е. Г.