Експерт за пребарување и пријател на двајца патници од „Титан“: Пронајдоа делови од подморницата

Од:

Експертот за потраги и спасување и пријател на двајцата патници од „Титан“, Дејвид Мернс, вели дека пронајдените остатоци се дел од подморницата која исчезна пред пет дена.

Мернс во телевизиско емитување во живо на Скај њуз рече дека бил дел од група на WhatsApp со луѓе од The ​​Exporers Club, тимовите кои ја бараат подморницата.

„Штотуку ми беше кажано е пронајден задниот отвор на подморницата меѓу остатоците. Ова е неконвенционална подморница, тој заден отвор има зашилен крај, а опремата за спуштање е она на што се потпира целата подморница и на која слетува кога удира на дното“, рече тој.

„Ова потврдува дека меѓу остатоците се пронајдени делови од подморницата Титан“, изјави Мернс, иако се уште нема официјална потврда за тоа.

Мернс вели дека е добар пријател со британскиот милијардер Хамиш Хардинг и францускиот истражувач Пол-Анри Наргеолет, кој ја пилотираше подморницата.

„Ако задниот капак и рамката за слетување се одвоени, тоа значи дека се случило најлошото. Според она што ми е кажано, трупот на подморницата наменета за патниците се уште не е пронајден“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Спасувачите кои ги најдоа остатоците од Титан открија кога сфатиле дека веќе нема надеж

ВИДЕО: Застрашувачка снимка од претходната мисија на Титан: Капетанот изгуби контрола над подморницата

Вработен во OceanGate пред неколку години предупреди: Ќе се убие себеси и другите поради своето его

Американците веруваат дека се најдени човечки останки во остатоците од Титан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Остатоците од подморницата Титан извлечени од дното на Атлантикот

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ