Експерт за „CNN“: Путин наредил да исчезне малезискиот авион МХ370

Од:

Исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ МХ 370 е грабнат по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, а потоа тајно приземјен во Казакстан, изјави експертот Џеф Вајз.

Тој тврди дека грабнувачите ја програмирале навигацијата на авионот да испрати податоци дека боингот отишол во потполно друг правец, а всушност слетал на космодорот Бајконур, кој во Казахстан го изнајмиле Руси.

Според него потребно е да се потсетиме дека веднаш по исчезнувањето на малезискиот авион, премиерот на таа држава испрати молба до властите во Казахстан да ги спроведат сите потребни истраги, но официјалните лица од Казахстан никогаш не испратија одговор на молбата.

maleziskiAvionNesreks

-Казахстан нема потребна опрема и можности да изведе вакво нешто, но Русија може-вели Вајз и додава дека во авионот имало три лица кои по националност биле Руси, двајцата од нив имале украински пасоши со престој во Одеса и дека е можно токму тие да се припадници на специјални единици или оперативци на тајна задача.

Тој признава дека не знае зошто Путин би сакал да го грабне авионот и дека „теоријата“ му е чудна, но сепак и покрај тоа тврдење изнесува некои причини поради кои рускиот претседател би го наредил грабнувањето на малезискиот авион.

-Можеби Путин сакал да и демонстрира на Америка, дека може да му наштети на Запад и на нејзините сојузници секаде во светот. Можеби од друга страна сакал да дојде до некој од патниците, а можеби и грабнувањето има некакво стратешко значење. Или пак Путин сакал тој авион еден ден да се појави полн со експлозив – вели Вајз.

Малезискиот авион најверојано е грабнат, бидејќи се верува дека комуникациските системи се намерно исклучени, но и движењето на леталото е пренасочено- изјави минатата година и малезискиот премиер Наџиб Разак.

За потсетување, тој додаде дека постојат податоци дека некој намерно го пренасочил „Боингот 777“ на малезиската компанија во кој исчезнаа 239 патници и членови на екипажот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта