Ексхумирани 146 тела меѓу кои и на деца од гробницата во Изјум: „Има траги од тортура“

Од:

Украински форензички експерти досега ископале 146 тела, главно цивили, од масовна гробница во близина на градот Изјум во источна Украина, а некои тела имаат знаци на насилна смрт, изјави денеска регионалниот гувернер. Претседателот Володимир Зеленски рече дека верува оти околу 450 тела биле закопани во шума на периферијата на Изјум, која неодамна беше вратена од украинските сили за време на контраофанзивата во регионот Харков.

„Има тела со знаци на тортура“

Олех Синехубов, гувернер на регионот Харков, изјави дека меѓу ексхумираните тела има тела на две деца. „Некои од загинатите имаат знаци на насилна смрт. Има тела со врзани раце и траги од тортура. Кај мртвите се пронајдени и рани од експлозив, шрапнели и убодни рани“, напиша Синехубов на Телеграм.

Форензичарите со денови работеа на ексхумација и идентификација на телата, чии импровизирани гробници беа обележани со дрвени крстови. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во понеделникот ги отфрли обвинувањата на Украина како „лажни“. Жителите претходно изјавија дека во некои гробници во шумата биле закопани луѓе кои загинале во руски воздушен напад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО