Експретседателот на Киргистан осуден на 11 години за ослободување мафијашки шеф од затвор

Од:

Поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбаев денес е осуден на 11 години и два месеци затвор за неговата улога во ослободувањето на еден мафијашки шеф од затвор.

Судот во Бишкек, исто така, донесе одлука имотот на Атамбаев да биде запленет, а неговите титули да бидат отповикани. 63-годишниот Атамбаев не присуствуваше на денешното рочиште поради болест. Истрагата утврди дека лекарското уверување дека затвореникот е во термална фаза на болеста, врз основа на кое бил ослободен, било лажно.

Судот пресуди дека поранешниот претседател имал улога во ослободувањето на чеченскиот криминалец, Азиз Батукаев, од затвор во Киргистан.

Поранешниот лидер на Киргистан прво беше обвинет за корупција.

Атамбаев ги отфрли сите обвиненија како „апсурдни“ и оцени дека е жртва на конфликт со неговиот наследник и ривал, сегашниот претседател Соронбај Женбеков.

Околу 2.000 полицајци учествуваа во апсењето на Атамбаев во 2019 година. За време на акцијата, еден специјален офицер беше убиен, а околу сто луѓе беа ранети.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on