„Економист“: Шансите на Бајден да победи на изборите се 93 проценти

Од:

Лондонското списание „Економист“ му дава 93-процентна шанса на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден да победи на претседателските избори на 3 ноември.

„Економистт“ прогнозира дека Бајден ќе добие 421 глас во Изборниот колеџ, што би значело убедлива победа во битката против претседателот Доналд Трамп.

Економист, исто така, проценува дека Бајден има 99 отсто шанси да добие најмногу гласови.

Според магазинот, Трамп има 7 отсто шанси да победи на Изборниот колеџ и еден отсто шанса да добие повеќе гласови од Бајден. Во десетте клучни држави што ќе го одредат победникот, Бајден има добро водство во седум од нив, а Трамп само во една – Тексас.

Во Њу Хемпшир, Бајден води со 8 отсто, Минесота со 8 отсто, Мичиген со 7 отсто, Висконсин со 7 отсто, Невада со 6 отсто, Пенсилванија со 6 отсто, Флорида со 4 отсто, Аризона со 3 отсто и Северна Каролина со два отсто. Трамп води со два отсто во Тексас.

Би можело да ве интересира

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Предраг Петровиќ

Бајден на пат го чуваа седум жени од Тајната служба

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Бајден заплака во Ирска