ЕК: Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација

Од:

Европската комисија соопшти дека руската вакцина Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација, ниту пак за нејзино вклучување во стратегијата на ЕУ се дискутира со нејзините производители.

Се додава дека рускиот производител Спутник V е во контакт со Европската агенција за лекови во врска со проценката на оваа вакцина.

– ЕУ има пазар за вакцини кои подлежат на строги услови, а таму вакцините можат да дојдат, без оглед од каде доаѓаат, сè додека ги исполнуваат критериумите. Од друга страна, постои стратегија за вакцинација врз основа на која се избрани компании и се потпишани договори за вакцини, и ние не разговараме со производителите на Спутник V за пристапување кон нашата стратегија, изјави портпаролот на ЕК Ерик Мамер.

Европската комисија додава дека вакцините што се дел од стратегијата на ЕУ подразбираат процес на инвестиции на ЕУ во развој на вакцини и производствени капацитети на територијата на ЕУ.

Во исто време, се нагласува дека земјите-членки имаат можност за билатерално договарање на договори со производителите на вакцини кои не се опфатени со стратегијата на ЕУ и притоа да преземат одговорност за употребата на овие вакцини исклучиво на своја територија.

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон