Европската комисија утрово соопшти дека е постигнат доволен напредок во првиот дел од преговорите за повлекувањето на Велика Британија од ЕУ.
Комисијата му препорача на Европскиот совет да го усвои истиот заклучок. Дали таа препорака ќе биде земена предвид, државните и владините раководства на ЕУ ќе оценат следниот петок. Ако Европскиот совет изрази исто мислење со ЕК, ќе се одлучи преговорите да преминат кон разгледување на идните односи со Лондон.
Комисијата прецизира дека нејзината оценка се заснова на заеднички извештај кој е поддржан од британската премиерка Тереза Меј на средба со претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер.