ЕК препораки – Како да се патува низ Европа во време на пандемијата

Од:

ЕК – општи упатства за патување со авион, воз, брод и копнен сообраќај.

Патниците ќе бидат охрабрени да купуваат билети преку интернет, места за резервации и пријавување (check-in).

Патниците треба да носат заштитни маски, особено кога мерките за физичко растојание не можат да бидат целосно почитувани во секое време.

Маските не мора да бидат медицински.

Физичкото растојание треба да се обезбеди на контролните пунктови и местата за проверка.

Треба да се воспостават специјални ленти за раздвојување на патниците на пристаништата, аеродромите, железничките станици, автобуските станици, фериботските пристаништа и јавните транспортни постојки.

Клупите, масите и сe што поттикнува собири треба да се отстранат или постават на таков начин што ќе се обезбеди физички простор.

Во автобуси, возови или фериботи можат да се дозволат помалку патници, а патниците кои не живеат во исто домаќинство може да бидат одвоени.

Персоналот што регулира сообраќај треба да има соодветна заштитна опрема.

Дезинфекција треба да биде достапна, а возилата треба редовно да се чистат и дезинфицираат.

Храната, пијалоци и другите производи веќе не можат да се продаваат во превозни средства.

Продавниците без царина (Duty-free-shops) и другите продавници треба да го контролираат движењето на патниците со ознаки на подот и да го ограничат бројот на клиенти, и да го интензивираат чистењето и да инсталираат заштитни бариери на касите, со цел физички да ги одделат клиентите од продавачите.

Мобилните апликации со мерки за следење и предупредување за контакт со заразено лице можат да се користат на доброволна основа.

Таквите апликации треба да функционираат прекугранично.

Авионски сообраќај:

Регулаторите ќе усвојат протоколи во следните неколку недели што треба да го вклучат следново:

Вентилацијата на воздухот треба да се подобри, филтрација на воздухот како што е онаа во болниците и вертикалното струење на воздухот.

Движењето во авионите треба да биде ограничено, да се намали интеракцијата со екипажот.

Управување со проток на патници: порано пристигнување на патници на аеродром; употреба на електронска проверка (check-in) или тој процес да се заврши на машина; намалување на контакт за време на проверка на багажот, проверка на безбедноста и проверка на документи, влегување и за време на подигнување на багажот.

Пред-нарачка на услуги и оброци треба да се направи, кога е можно, во моментот на резервацијата.

Копнен сообраќај:

Високо ниво на хигиена треба да се одржува на терминали, места за одмор по автопатите, паркиралишта и бензински пумпи.

Со протокот на патниците треба да се управува на станици.

Кога не може да се обезбедат соодветни нивоа на јавно здравје, треба да се земе предвид затворање на станици.

Автобуси и минибуси:

Задните врати треба да се користат за влез на патници, а вентилацијата да се прави со отворање на прозорци наместо да се вклучи климатизацијата.

Седењето треба да биде поставено така што семејства да седат заедно кога е можно, додека луѓето кои не патуваат заедно треба да седат одделно.

Во минибуси, патниците не треба да седат до возачот ако не е можно физичко раздвојување.

Ако е можно, патниците треба сами да се грижат за својот багаж.

Железница:

Фреквенцијата и капацитетот на возовите треба да се зголемат.

Железничките претпријатија треба да воведат задолжителни резервации за места на меѓуградски и регионални возови.

На кратки дестинации, патниците треба да остават празни места меѓу себе, освен оние од истите домаќинства.

Железничките претпријатија треба да користат системи за броење на патници, особено на приградските возови, за управување со капацитетот.

Со протокот на патници на станиците треба да се управува доколку не може да се обезбеди соодветно ниво на јавно здравје.

Патувањето треба да се охрабрува во моменти кога не е најпрометно со воведување стимулации како што се прилагодување на цените или флексибилно работно време за да се избегнат големи гужви на патници.

Вратите треба да се отворат автоматски на секоја станица или рачно да се отвораат од возачот.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани