ЕК предлага суспензија на договорот со Израел и санкции врз израелските министри и Хамас

Од:

Европската комисија формално предложи да се суспендира договорот за слободна трговија со Израел поради војната во Газа, иако мерката во моментов нема доволна поддршка меѓу земјите-членки на ЕУ за да биде усвоена, објави Ројтерс.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, исто така, предложи пакет санкции против двајца израелски министри, како и насилни израелски доселеници и членови на Хамас.

„Денешната операција во градот Газа претставува ескалација на војната“, изјави Калас на прес-конференција во Брисел.

Таа објави планови за намалување на трговските односи со Израел и санкционирање на високи функционери поради откритија за кршење на човековите права во Газа, што означува голема промена во пристапот на блокот кон блискоисточната нација, според Политико од Брисел.

Планираните мерки на Европската комисија, кои сè уште треба да бидат одобрени од земјите-членки, имаат за цел да воведат царини за израелски увоз во вредност од околу 5,8 милијарди евра, како и да санкционираат двајца тврдокорни членови на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху – министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир и министерката за финансии Безалел Смотрих, објави Танјуг.

Како дел од пакетот објавен денес, ЕУ сака да суспендира околу 20 милиони евра директна поддршка за разни израелски проекти, според висок функционер на ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети