ЕК одби да ги врати визите за граѓаните на САД и Канада

Од:

Европската комисија денеска одби да се сообрази со резолуцијата на Европскиот Парламент, со која беше повикана да издаде препорака за обновување на визниот режим со САД и Канада.

Комисијата прецизира дека ќе смета на постигнување напредок во заедничката работа со Советот на ЕУ, со ЕП и со властите во двете држави од Северна Америка, јави БТА.

ЕК дополнува дека во текот на јуни претстои средба на претставници на петте држави од ЕУ, за чии граѓани САД се уште бараат визи – Бугарија, Романија, Хрватска, Полска и Кипар.

Во соопштението на ЕК се посочува дека САД од петте држави на ЕУ очекуваат да ја забрзаат „неопходната работа на изполнување на барањата што се останати“.

ЕК забележува дека Канада веќе почнала со укинување на визите за граѓаните на Бугарија и Романија.

Комисијата го цитира еврокомесарот за државјанство и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, според кого, целта на ЕК е отпашање на визите врз основа на „дипломатија на трпение“.

– Дијалогот со нашите стратегиски партнери е вистиснкиот пат, по кој ќе продолжиме, додаде Аврамопулос.

ЕК е на ставот дека враќањето на визите за граѓаните на САД и Канада би било контрапродуктивно и нема да послужи за постигнување на целта.

ЕП во март инсистираше Комисијта да му препорача на Советот на ЕУ привремено да се вратат визите за граѓаните на САД и на Канада, на рок од две години. Причината беше што граѓаните на петте посочени држави од ЕУ се единствените во Унијата за кои се уште се бараат визи за Северна Америка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски