ЕК не ја доведува во прашање способноста на Вархеји како комесар за проширување

Од:

Европската комисија повтори дека има целосна доверба во работата на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, да ја води работата непристрасно кон Западниот Балкан, посебно во делот на владеењето на правото, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еврокомесарот Вархеји во рамките на колеџот на еврокомесари пред неколку години гласаше против извештаите за владеењето на правото на ЕУ и беше обвинет во медиумите дека е премногу мек кон Србија во оваа област.

Вархеји е близок до унгарскиот премиер Виктор Орбан и беше амбасадор на Унгарија во ЕУ.

На новинарско прашање дали поради неговото гласање за извештаите за владеењето на правото може да биде доведен во прашање неговиот кредибилитет, портпаролите на Европската комисија денеска ги отфрлија овие обвинувања.

Портпаролите потсетија дека одлуките на колеџот на еврокомесарите се носат колективно и едногласно и тоа што е усвоено автоматски станува обврска за сите еврокомесари без разлика на нивните лични убедувања.

-Претседателката на Европската комисија има доверба во Вархеји како што има доверба во сите членови на колеџот дека ќе го реализира својот мандат во добри услови, изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската комисија.

Ана Писонеро, портпаролка за проширување, додаде дека што се однесува до владеењето на правото во земјите од Западниот Балкан и содржината на извештаите во оваа област, тие се под силен надзор од страна на Европската Комисија преку детален процес.

-Пакетите за проширување нудат детална проценка за тоа каде е секоја земја во напредокот на ЕУ патот, овие извештаи, исто така, ја одразуваат и засилената методологија со која се зајакнува фокусот на темелните реформи, демократските институции, јавната администрација и економските реформи. Тие даваат ригорозна проценка за состојбата на партнерите и нудат препораки за следните чекори кои потоа треба да бидат проценети од страна на Советот, изјави Писонеро.

Претседателката фон дер Лајен неодамна, исто така, лично одговори на критиките упатени кон Оливер Вархеји.

Таа тогаш изјави дека целосно стои зад еврокомесарот и потсети дека работата на Европската комисија за Западен Балкан не се сведува само на еврокомесарот, туку и на големите административни служби на институцијата кои со години ги следат реформите во сите шест земји од Западниот Балкан

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Ана Ололовска

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска