ЕК: Миграциската политика дава резултати, но треба да се продолжи со реформите

Од:

Европската комисија е задоволна од резултатите во решавањето на мигранстака криза, но и предупредува дека е потребно да се продолжи со заедничките пристапи и да се доврши реформата на системот за азил.

„Резултатите од нашиот заеднички европски пристап во подрачјата на миграција говорат сами за себе: бројот на незаконски пристигнувања денеска е понизок од пред почетокот на кризата, европските граѓани и крајбрежната стража подигнаа заедничка заштита на границите на ЕУ на ново ниво, а во соработка со партнерите работиме на обезбедување законски миграциски канали, додека истовремено го забрзуваме враќањето. Во времето кое ни претстои ќе биде клучно да се продолжи со нискиот заеднички пристап и да се продолжи тековната реформа на системот за азил на ЕУ“ изјавил комесарот за внатрешни работи и миграции, Дмитрис Аврамопулос.

Комисијата потенцира дека наспроти резултатите, треба да се вложат повеќе напори за мигранската политика на ЕУ да стане вистински отпорна на идните промени во геополитичкиот контекст, кој постојано се менува и во светот на постојан раст на миграцискиот притисок на светско ниво.

Би можело да ве интересира

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски