ЕК ќе предложи промени во Шенгенскиот кодекс до крајот на септември

Од:

До крајот на септември Европската комисија ќе предложи промени во Шенгенскиот кодекс, соопшти денеска претставник на ЕК.

– Промените се со цел да ги пополнат празнините од досегашната легислатива. Овие промени ја одразуваат новата состојба поврзана со безбедноста во ЕУ. Кога предлозите ќе бидат одобрени и ќе стапат во сила зависи од Советот на ЕУ и Европскиот Парламент, рече портпаролот на Комисијата.

Претседателот на Еврокомисијата, Жан Клод Јункер оваа недела во обраќањето „за состојбата на Унијата“, повика на итен прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ