Европската комисија изрази денеска поддршка за идејата на НАТО да се вклучи во пограничното обезбедување на Егејското Море.
Комисијата очекува дека со тоа ќе се придонесе за спасување на што е можно повеќе човечки животи.
– ЕК ги следи изјавите околу заложбите на НАТО во врска со прашањето за миграцијата во Егејското Море, изјави на прес-конференција портпаролот на Комисијата, Маргаритис Скинас.
– Десетте километри, кои ги делат грчкиот и турскиот брег, не можат да бидат рај за трговците со луѓе, коментира тој.