ЕК изрази длабока загриженост од новите планови на Австрија долж границата со Италија

Од:

Европската комисија е многу загрижена од информациите дека Австрија има намера да воведе построга контрола долж границата со Италија, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ЕК, Наташа Берто.

– Ако овие планови се применат ние ќе ги разгледаме многу сериозно, ќе ја процениме нивната неопходност и сразмерност. Таквите активности треба да се преземаат само во краен случај. Засега нема докази дека мигрантите свртуваат од Грција кон Италија, додаде таа.

Претходно денеска австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил појасни дека долж границата на неговата земја со Италија се предвидуваат мерки какви што беа преземени долж границата со Словенија, пред се, заради миграцискиот прилив.

Граничниот премин Бренер, на границата меѓу Австрија и Италија, има важно значење за движењето долж оската север-југ во Европа.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа