ЕК има цел годинава да го обнови нормалното функционирање на Шенген

Од:

Европската комисија очекува во текот на оваа година да го возобнови нормалното функционирање на Шенгенскиот простор, изјави на прес конференција заменик претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, по завршувањето на првото годинешно заседание на еврокомесарите.

Тој ги повика државите од ЕУ да направат повеќе за постигнување на заедничките цели во областа на миграцијата и распределбата на бегалците. Според него, до крајот на годината ЕК ќе предложи нова шема за раселување на бегалците, како и за начините за пресекување на активностите на шверцерите. Исто така, се предвидуваат и промени во договорот од Даблин, што веќе се оценува за неприменлив.

По повод посетата на Анкара, претходно неделава, Тимерманс изрази поддршка за намерата на турските власти да воведат влезни визи за сириските државјани. Тој, исто така, ја поддржа идејата на Турција за воведување работни визи за Сиријците, бидејќи на тој начин тие ќе се стимулираат да не заминуваат за Европа.

Тимерманс денеска информира дека ЕК досега на Грција и доделила 1,36 милиона евра за обезбедување на дополнителни машини за снимање на отпечатоците од прсти од мигрантите кои влегуваат во ЕУ.

ЕК е на мислење дека е неопходно забрзување на работата за протерување на оние мигранти кои немаат право да добијат статус на меѓународна поддршка.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

А1он

Полски дипломати продавале Шенген визи во Африка, Азија и Блискиот Исток

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска