Мерките на Европската унија против Русија се решаваат тука, од сите 28 земји-членки на Унијата, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, јави БТА.
Тој нагласи дека санкциите се продолжени до крајот на јули, со што даде одговор на прашањето, поврзано со можностите за укинување на санкциите на САД против Москва.
– Политиката не е променета и останува иста, изјави портпаролот како одговор на прашањето поврзано со човековите права и плановите на САД да воведат тортура во сослушувањето на осомничените за тероризам.
– Не можеме да ја коментираме секоја одлука, донесена од Вашингтон, додаде тој.