Европската Комисија го осуди нападот врз поранешниот пакистански премиер, Имран Кан, што се случи вчера.
Портпаролката за надворешна политика, Набила Масрали, го пренесе ставот на Европската Комисија и дипломатската служба по овој напад.
-Силно го осудуваме нападот врз поранешниот премиер Имран Кан и неговите поддржувачи, рече таа, и воедно го поздрави повикот на пакистанската влада да се истражи случајот целосно и независно.
Таа додаде дека ЕУ отфрла секаков вид на насилство и изрази сочувство за блиските на убиеното лице во овој напад.
Кан вчера беше застрелан во ногата за време на протестен марш, повредени се уште десет негови поддржувачи, а еден го изгуби животот. Кан се наоѓа во болница и е надвор од животна опасност.
Извор: МИА