ВИДЕО: Застрелан поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан

Од:

Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан бил застрелан во ногата, пренесува Sky News.

Неговите поддржувачи велат дека тоа е обид за атентат.

Вооружениот напаѓач, наводно, отворил оган додека поранешниот играч на крикет им се обраќал на приврзаниците на митинг во Вазирабад.

Корделија Линч од Скај, која беше на местото на настанот, рече дека продуцент на Скај њуз стоел во близина на Кан и го видел моментот кога бил застрелан политичарот.

Кан беше одведен од местото на настанот, а неговите поддржувачи рекоа дека тој го преживеал обидот за атентат.

Би можело да ве интересира

Во автомобил бомба убиен член на Луганска Народна Република

Во Еквадор прогласена вонредна состојба: По атентатот мобилизирани вооружените сили!

Спречен атентат над познатата рускa новинарка Маргарита Симонјан

Горан Наумовски

Атентат врз Захар Прилепин: Повреден познат руски писател, автомобилот е разнесен

ВИДЕО: Снимка од обидот за атентат врз премиерот на Јапонија

Пакистан: Имран Кан го обвини актуелниот премиер дека стои зад вчерашниот напад врз него