Насилен сексуален бран го тресе Пакистан – виновни се жените, смета премиерот Кан

Од:

Премиерот на Пакистан, Имран Кан се соочува со критики откако за порастот на сексуалното насилство во земјата ги обвини жените кои носат „многу малку облека“.

– Ако жената носи многу малку облека, тоа ќе има влијание, ќе влијае врз мажите, освен ако не се роботи. Мислам дека тоа е здрав разум, истакна Кан во интервју за Аксиос на Ејч-Би-О (Axios HBO) за време на викендот.

Кан, одговарајќи на новинарско прашање дали начинот на облекување на жената може да предизвика сексуално насилство, наведе дека тоа зависи од општеството.

– Ако живеете во општество во кое луѓето не навикнале да гледаат такви работи, тоа ќе влијае врз нив, истакна Кан.

Активистите за човекови права и од опозицијата побара извиинување од Кан.

Ова е вторпат за два месеца Кан да изјави дека начинот на кој се облекуваат жените го предизвикува сексуалното насилство. Тој во април за државната пакистанска телевизија тврдеше дека носењето бурка би ги заштитило жените од сексуални напади.

Сексуално вознемирување и насилство врз жени не се реткост во Пакистан. Речиси илјада жени секоја година се самоубиваат поради „чест“ односно поради наводно кршење на конзервативните норми за љубовта и бракот.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче

За насилникот кој злоставуваше малолетничка се бара притвор, немала ни 15 години

Катерина Ѓуровски