Европската комисија денеска ги претстави предлозите за реформите на системот за азил во Европската унија, откако одделни земји, како Грција, се најдоа под притисок поради сегашната бегалска политика.
Во нацрт-документот, ЕК предлага измени на принципот, по кој првата земја во која пристигнуваат мигрантите мора да го разагледа барањето за азил.
Како што јави Танјуг во нацртот се предложени две опции. Првата предвидува поради можните нови приливи на бегалци во иднина да се воведе механизмот за итни ситуации за прераспределба на мигранти во рамки на Унијата од медитеранските држави, кои се први на ударот на бегалците, нагласи дипломатот.
Втората, помалку популарна опција, која ја поддржуваа Германија и Шведска подразбира воспоставување „механизам за постојано преселување“. Оваа опција предвидува и воведување квоти за прием на бегалци, на што жестоко се противеа многу земји членки.
Неуспехот на Правилата од Даблин се покажа во 2015 година кога Грција, една од најсиромашните земји на ЕУ, ја преплавија мигранти кои сакаат азил во Германија и другите богати европски земји.